11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотекнуваат од сиромашни семејства, а сега на сметките имаат милијарди

Потекнуваат од сиромашни семејства, а сега на сметките имаат милијарди

napredok1

На неодамнешната листа на „Forbes“ на американски милијардери се најдоа добро познати имиња. Меѓу нив, многумина богатството го наследиле или доаѓаат од добро ситуирани семејства кои им создале одличен темел за успех.

Меѓутоа, „Business Insider“ неодамна објави листа со оние милијардери чии почетоци биле далеку поскромни. Не доаѓаат од богати фамилии, не пораснале во големи градови, некои од нив немаат ниту завршено факултет, а многумина се припадници на малцинства.

 

1.Шелдон Аделсон01_Sheldon_Adelson

Богатство: 28,5 милијарди долари

Датум на раѓање: 4 август 1933 година

Син на евреи од Украина кои се доселиле во Бостон, основач е и извршен директор на компанијата „Las Vegas Sands“. Татко му бил таксист, а мајка му продавала материјали за плетење. Првата работа ја имал на 12 години, продавал весници. Иако успеа да се запише на „City Collegе“ во Њујорк, никогаш не го заврши.

 

2.Џеф БезосJeff Bezos

Богатство: 27,2 милијарди долари

Датум на раѓање: 12 јануари 1964 година

Основачот и извршен директор на „Amazon“ не доаѓа од богата фамилија. Дете е на мајка тинејџерка, а нејзиниот брак траел само една година. Таткото бил регионален директор на американската Комисија за атомска енергија со седиште во Ново Мексико, а очувот Мигел е кубански имигрант кој во Америка дошол на 15 години.

 

3.Харолд Симонс03_Harold_Simmons

Богатство: 10 милијарди долари

Датум на раѓање: 13 мај 1931 година

Економскиот инвеститор Харолд Симонс пораснал во рурален дел на Тексас, во куќа без вода и струја. Татко му и мајка му биле учители. Од заштедата од пет илјади долари која ја стекнал работејќи во банка и кредитот од 95 илјади долари кој го подигнал во 1960 година, купил мала продавница. Работата почнала да се шири, а Симонс на крајот направил ланец од 100 продавници кои во 1973 година ги продал за 50 милиони долари.

 

4.Џон Пол ДеЖора04_John_Paul_DeJoria

Богатство: 4 милијарди долари

Датум на раѓање: 13 април 1944 година

Основач и извршен директор на козметичката компанија „Paul Mitchell Cosmetic“, син на доселеници од Италија и Грција. Родителите се развеле кога имал само две години. Пораснал во Лос Анџелес, а на само девет години со својот постар брат започнал да продава разгледници и весници за да може да преживее. Проблемите започнале кога социјалната служба го земала од неговата самохрана мајка и го преселила во згрижувачко семејство. Станал член на улична банда, а решил да го промени животот откако професорот по математика му рекол дека нема да постигне ништо во животот. Никогаш не се запишал на факултет, а после средното училиште завршил во морнарица.

 

5.Давид Гефен25th Anniversary Rock & Roll Hall Of Fame Induction Ceremony - Press Room

Богатство: 6 милијарди долари

Датум на раѓање: 21 февруари 1943 година

Директорот на издавачка куќа, филмскиот и театарски продуцент е дете на палестински доселеници. Иако запишал неколку факултети, никогаш не дипломирал. Се вработил во агенцијата „William Morris“ каде што работел во одделот за распределба на пошта. Вреди да се спомене тоа дека на пријавницата за работа излажал дека има завршено факултет и успеал да го пресретне писмото во кое стоело дека никогаш нема завршено факултет. По заминувањето од „William Morris“ станал агент на „Laurа Nyro“ и групацијата „Crosby, Stills and Nash“.

 

6.Хауард Шулц06_Howard_Schultz

Богатство: 2 милијарди долари

Датум на раѓање: 19 јули 1953 година

Основачот и извршен директор на „Starbucks“ пораснал во сиромашниот њујоркшки кварт Бруклин. Татко му бил воен ветеран и возач на камион, а Хауард се обидел да избега од сиромаштијата спортувајќи. Откако добил студентска стипендија станал првиот Шулц кој завршил факултет.

 

7.Кирк Керкориан07_Kirk_Kerkorian

Богатство: 3,9 милијарди долари

Датум на раѓање: 16 луни 1917 година

Еден од највлијателните тајкуни од Лас Вегас е син на ерменски доселеници. Пораснал во времето на Големата депресија, во Фресна, Калифорнија. Училиштето го напуштил во осмо одделение. Во младоста бил боксер и го има освоено аматерското првенство во полулесна категорија. За време на Втората светска војна ги превезувал канадските борбени авиони во база во Шкотска.

 

8.Карл Икан08_Carl_Icahn

Богатство: 20,3 милијарди долари

Датум на раѓање: 16 февруари 1936 година

Основачот и извршен директор на инвестициската компанија „Icаhn Capital Mаnagement“ пораснал во еврејско семејство од пониска средна класа во Квинси, Њујорк, и благодарение на добриот успех во училиште добил стипендија за престижниот колеџ „Princeton“.

 

9.Харолд Хем09_Harold_Hamm

Богатство: 12,4 милијарди долари

Датум на раѓање: 11 декември 1945 година

Извршниот директор на нафтената компанија „Continental Resources“ никогаш не се запишал на факултет. Роден е како 13-то дете во семејство на берачи на памук во Оклахома. Работел на бензиска пумпа и поправал автомобили пред да ја основа на 22 годишна возраст својата нафтена компанија која денес вреди милиони.

 

10.Давид Грин10_David_Green

Богатство: 5 милијарди долари

Датум на раѓање: 12 ноември 1941 година

Основачот и извршен директор на малопродажниот ланец за уметници „Hobby Lobby“ е син на сиромашен селски свештеник од Оклахома. Никогаш не се запишал на факултет, а во 1970 година се позајмил 600 долари и започнал сопствен бизнис, составувајќи минијатурни рамки за слики во гаражата на своето семејство. За две години работата толку се равила што семејството Грин успеало да отвори сопствена продавница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП