28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИновативни технологии во Golf и Golf Estate

Иновативни технологии во Golf и Golf Estate

golf

• Навремени сообраќајни информации
• Прогресивниот управувач од сега достапен и кај Golf Estate

Интернет поврзување во Golf 7: “Car-Net” мобилните интернет услуги сега можат да се нарачаат како опција во Golf и Golf Estate. Сообраќајните информациите кои се добиваат преку интернет навремено овозможуваат да се пресметаат алтернативни патишта на движење. Google Street View и Google Earth, им овозможуваат на возачите подобра визуелна ориентација. Golf Estate може да биде уште подинамичен со опцијата прогресивен управувач.

Новиот систем нуди реални фотографски карти кои се прикажуваат врз база на сателитски снимки преку Google Earth. За многу градови , опцијата „360 степени“  на Google Street View нуди подобра визуелна ориентација во непознатите области.

Покрај тоа, системот “Car-Net” има онлајн функција за пребарување за конкретни дестинации , така што возачот може да направи листа на „места од интерес” при пребарувањето. Со оваа функција возачот може побрзо да ја најде посакуваната дестинација со помош на најновите информации.

На прогресивниот управувач му се потребни само 2,1 вртења до крајот, кај стандардниот систем на управување потребни се 2,75 вртења. Со тоа се намалува времето на ракување со управувачот што е погодно за маневрирање на возилото во тесни улички како и при паркирање . На патишта каде што има многу свиоци , прогресивниот управувач нуди низа предности кога станува збор за динамичните перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП