
Невработеноста останува голем проблем за Европската унија, податоците говорат дека таа цврсто се држи на 11 проценти.


Невработеноста останува голем проблем за Европската унија, податоците говорат дека таа цврсто се држи на 11 проценти.
Во земјите кои го користат еврото таа е дури поголема – 12,2 проценти. Најголемата опасност е неваботеноста на младите, бидејќи секој четврти млад човек од 25 години нема работа.
Економскиот раст во тие земји едвај е во плус и до неговото закрепнување ќе поминат уште години. Обидот на владите да ја излечат економијата се однесува на непопуларните мерки, на кои граѓаните се спротивставуваат, како што е примерот во Грција, каде власта го теши својот народ со изјавата „Ако сакаме да биде подобро прво мора да биде полошо“.
Шпанската и португалската влада имаат намера да ја продадат железницата, односно метро компанијата која е во големи долгови, а работниците стравуваат дека приватизацијата значи дека тие ќе останат без работа. Во Лисабон објаснуваат дека тоа е дел од лечењето на економијата.
„Потполно сме посветени да го исполниме економскиот план за спасување. Португалија излегува од рецесија и ние сме во процес на стабилизација на економијата“, изјави министерот за економија на Португалија, Антонио Пиреш де Лима.
Во Франција е спротивно – невработеноста расте и покрај се. Во септември е остварен неславен рекорд со безмалку 3,3 милиони невработени работоспособни лица, што е за осум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Работните места дури и на банкарските работници во Италија се знак на прашање. Банките затвораат 3.000 филијали и отпуштаат 19.000 работници.