10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе се долева гориво во иднина? (видео)

Како ќе се долева гориво во иднина? (видео)

gorivo dolevanje

Роботите веќе ги заменуваат луѓето во многу активности, па зошто тогаш не би ги замениле и при долевањето на гориво на пумпите?

Пумпите без работници, на кои плаќањето се врши по пат на автомат, веќе се реалност, но наскоро би можело да исчезне и последната човечка карика во ланецот за точење на гориво.

На оваа идеа пред неколку години дојдоа во шведската компанија „Fuelmatics“ која разви роботизиран уред за долевање на гориво во резерварот на автомобилот. „Fuelmatics“ во соработка со корпорацијата „Husky“ на саемот за индустриска опрема во Атланта го претстави најновиот уред од овој вид.

Системот функционира така што возачот ќе го паркира автомобилот од страната каде што му е отворот на резервоарот, да го исклучи моторот и ќе остане да седи во седиштето, додека машината прецизно ќе ја заврши својата работа. Погледнете ја демонстрацијата од работата на овој робот:

Роботот е конструиран сам да ја отвори вратичката, а единствен услов е автомобилот да нема внатрешен чеп, туку на отворот на резервоарот да се наоѓа капак, што е често решение на новите модели на автомобили. Од компанијата „Husky“ велат дека овој систем има повеќе предности. Долевањето на гориво се врши побезбедно и за 30 проценти побрзо, а возачот немора да го напушти возилото и да ги валка рацете.

Историјата е преполна со интересни и корисни измуми кои никогаш не доживеале да се најдат во практичната примена. Меѓутоа, проблемот при реализација на оваа идеа во иднина, покрај високата цена на уредот, може да биде и намалувањето и целосното нестанување на светските резерви на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП