27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing го забрзува производството

Boeing го забрзува производството

Boeing 747-The End?

Компанијата „Boеing“ ќе го забрза производството на своите авиони 737, се со цел да го намали чекањето на купувачите кои имаат нарачано 3.400 примероци од овој тип.

„Boеing“ месечно произведува 38 авиони од моделот 737 во матичната фабрика во Рентон, кај Сиетел.

Во текот на првата половина од идната година компанијата има во план производството да го зголеми на 42 авиони месечно, а потоа до 2017-та година на 47 примероци.

Во тоа време е и почеток на производството на новата верзија на овој модел, „Boeing 737 Max“ кој ќе има нови мотори и други подобрувања.

„Boеing 737“ е најпродаваниот млазен авион во историјата, кој се произведува уште од 1967-та година, а популарен е меѓу авиокомпаниите за летови на кратки и средно-долги релации.

И конкурентската компанија „Airbus“ исто така има во план да го зголеми производството на тој вид на авиони, па поради тоа гради нов погон во Алабама, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП