2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајланд, најубавото место за работа и живот на странците

Тајланд, најубавото место за работа и живот на странците

tajland1

Барате добри пријатели и финансиска сигурност, но не би ви пречело да сте опкружени со палми и песочни плажи? Тогаш Тајланд можеби е местото што го барате.

Своите најдобри искуства со работењето во странство, според податоците од истражувањето на банката „HSBC“, гастербајтерите во целиот свет им ги препишуваат на земјите од Југоисточна Азија. Кина, Сингапур, Индија и Тајван се појавија во првите десет, заедно со Малезија (20), Индонезија (31) и Виетнам (32) меѓу првите педесет.

Вакви истражувања „HSBC“ спроведува веќе шест години, во кои анкетира повеќе од 7,000 странци од речиси 100 земји во светот.

Кога станува збор за економијата, Тајланд (4) Индонезија (6) и Сингапур (9) се рангираат меѓу најдобрите места за живеење за странските работници. Пониските трошоци и повисокиот потенцијал за заработка сепак го прават Тајланд едно од најпрофитабилните места за странци, додека Индонезија и Виетнам се рангираат високо на листата кога станува збор за можностите за развој на кариерата.

Не секогаш третирани како дел од светот кој е пријателско и погодно место за живот и работа, со оглед на недостатокот на инфраструктура и збунувачките прописи, денес очигледно дека во таа смисла земјите станале подобри.

Нормално, ваквата ситуација е овозможена благодарение и на повисоките приходи на домаќинствата како и многу поволните пакети кои на странските работници им нудат прилика за преселување. Азија според ова истражување е домот на најплатените странци. Најголем дел од нив, кои заработуваат над 250.000 долари годишно, се во Индонезија (22 проценти), Јапонија (13 проценти) и Кина (10 проценти ) .

Во последните години, економскиот раст во Азија е меѓу највисоките во светот, а многу нови економии од Југоисточна Азија привлекуваат се поголем број странски функционери, кои бараат подобри шанси за кариера.

„Низ годините гледаме како најдобрите услови за странските службеници се преместуваат на Исток кој е во развој, а сега и целосно развиените региони како што се Блискиот Исток и Азија стануваат се повеќе популарни меѓу странските функционери“, вели Дин Блекбурн , кој го предводи истражувањето.

Освен што обезбедува финансиска стабилност, Азија се покажа и како најпосакувана дестинација за оние кои бараат повисок стандард на живеење.

Кога станува збор за друштвеноста, пријателствата и активното уживање во социјалниот живот Тајланд се наоѓа на врвот од графиконот. Испитаниците изјавија дека за нив е лесно да се навикнат на локалната храна и култура, а 60 проценти од нив изјавиле дека животот во Тајланд им овозможува здрава исхрана .

Тајланд исто така го зазема високото место меѓу дестинациите барани поради подобар финансиски статус. Речиси 80 проценти од учесниците во истражувањето изјавиле дека расположливите приход им се зголемени, откако се преселиле во земјата.

Нил Мекарти кој пред дванаесет години се преселил од САД во Тајланд изјави „Ниту во еден момент не сум зажалил што одлучив да дојдам овде”.

Една од категориите во кои Азија не котира добро е семејниот живот .Странците со деца ја посочиле Германија како најдоброто место за живот со деца во странство. Кога станува за „добар микс“, исплатливоста на школувањето и квалитетот на грижата за децата Франција, Белгија и Шпанија, исто така, високо котираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП