2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрени изгледите за чешката економија

Подобрени изгледите за чешката економија

cheshka1

Министерството за финансии на Чешка ја подобри прогнозата за развој на земјата за оваа и наредната година.

Оваа година бруто домашниот производ (БДП), наместо претходно прогнозираните 1,5 проценти, би требало да се намали за еден процент, додека наредната година би требало да порасне за 1,3 проценти наместо досега планираните 0,8 проценти, наведува Министерството во својата макроекономска прогноза.

Практично истата проценка за развој, Министреството ја објави на крајот на септември по повод усвојувањето на предлог-буџетот за следната година. Владата на Јуржи Руснок тогаш го усвои предлог-буџетот со дефицит од 112 милијради круни (4,3 милијарди евра).

Потрошувачките цени, според Министерството за финансии, би требало да се зголемат со многу умерено темпо. Се предвидува инфлација од 1,4 проценти оваа година, а во наредната помала за еден процент. Инфлацијата во наредната година ќе биде премногу ниска, благодарение на падот на цените на електричната енергија, наведуваат од Министерството.

Повикувајќи се на информациите од Европската унија, чешкото Министерство за финансии наведе дека дефицитот на јавните финансии оваа година би требало да биде 2,9 проценти од БДП, што истовремено е цел на Министерството за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП