15 март, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДали треба да го потопите овошјето и зеленчукот во сода бикарбона: Експерт...

Дали треба да го потопите овошјето и зеленчукот во сода бикарбона: Експерт открива како на најлесен начин да ги отстраните пестицидите

Миењето на овошјето и зеленчукот пред јадење е неопходно за да се отстрани нечистотијата, пестицидите и бактериите кои можат да бидат штетни за нашето здравје. И додека некои луѓе само ги навлажнуваат и ги мијат со вода, други решаваат да ги измијат темелно, најчесто со помош на сода бикарбона.

Прашањето е дали навистина е потребно и како влијае на нашата омилена храна.

Д-р Стеван Благојевиќ објасни дали сето тоа е потребно за да се заштитиме.

„Тоа е еден начин кој така се пропагира, но не е потребен. Доволно е да се мијат јагодите во вода, како и другите овошја. Сода бикарбона ја менува pH вредноста, веројатно малку ќе ја смени бојата и вкусот“, објаснува д-р Благојевиќ.

На прашањето дали е можно да се отстранат пестицидите од овошјето со сода бикарбона, докторот бил јасен:

„Не. Сода бикарбона влијае само на промената на pH вредноста, не влијае претерано на растворливоста, ниту ја отстранува маснотијата. Тоа е приказна што некој ја објавил и воопшто не ја проверил“, објаснува директорот на Институтот за општа и физичка хемија во Србија.

Како што истакнува докторот, повеќето овошја и зеленчуци во некои циклуси се прскаат со мали концентрации на пестициди – и јаболка, јагоди, кромид, домати…

Тој додава дека се што изгледа убаво на око, спанаќ или млад кромид, содржи пестициди и е заштитено со нив. Кога станува збор за храната која најмногу се прска, д-р Благојевиќ истакнува дека тоа се јаболката.

„Ако се измијат добро, се отстрануваат пестицидите. Доволно е да ја измиете храната со млака вода 10-15 минути“, советува на крајот д-р Благојевиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП