28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени приходите на The New York Times

Намалени приходите на The New York Times

thenewyorktimes1

Американскиот дневен весник „The New York Times“ пријави загуба во третиот квартал, поради падот на приходите од рекламите и продажбата на „The Boston Globe“.

Загубата на њујоршкиот весник во третиот квартал изнесува 24,2 милиони долари, во споредба со профитот од 2,7 милиони долари од истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите на „The New York Times“ во тој квартал се зголемени за 1,8 проценти на годишно ниво, односно на 361 милиони долари, благодарениe пред се на петпроцентниот раст на приходите од продажбата на печатеното издание, на 204 милиони долари.

„The New York Times“, кој ги продаде повеќето свои помали весници, има потешкотии да оствари приходи од реклами, со пад на профитот дури и во дигиталниот простор, кој сепак делумно се компензира со придобивките од интернет претплатите.

Вкупниот број на дигитални претплатници на крајот на третиот квартал изнесуваше околу 727,000, што е пораст од 28 проценти на годишно ниво, додека приходите од рекламите во третиот квартал се намалени за два проценти.

Приходите од рекламите во печатеното издание се намалени за 1,6 проценти, додека приходите од рекламите во интернет изданието се намалени за 3,4 проценти.

Поради продажбата на „The Boston Globe“, „The New York Times“ забележа загуба од 34 милиони долари, но сепак, њујоршкиот весник соошти дека неговиот профит од работењето, кој не вклучува еднократни ставки, се зголемил на 39,9 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП