26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Најниска инфлација од 2009 година

ЕУ: Најниска инфлација од 2009 година

eu111

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври е намалена на 0,7 проценти од 1,1 проценти кои беа забележани во септември, што е најниското ниво за последните четири години.

„Последниот пат кога стапката на инфлација во еврозоната изнесуваше 0,7 проценти беше во ноември 2009 година“, се наведува во соопштението на европската служба за статистика Еуростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на електричната енергија во октомври се намалени на 1,7 проценти, што е повеќе од падот од 0,9 проценти кој беше забележан во септември.

„Најновите податоци за инфлацијата и невработеноста во еврозоната (која во септември порасна на рекордни 12,2 проценти) ќе го зголеми притисокот врз Европската централна банка да превземе дополнителни напори за да ја зајакне економијата“, се вели во соопштението.

Во еврозоната во октомври е забележан пад на цените на електричната енергија, додека основната инфлација, во која не спаѓаат променливите цени на електричната енергија и храната, е намалена за 0,8 проценти, на рекордно ниско ниво.

ЕЦБ ја дефинира стабилноста на цените како годишен пораст на хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИПЦ) на под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП