17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитираше авиокомпанијата SwissAir

Профитираше авиокомпанијата SwissAir

swissair1

Авиокомпанијата „SwissAir“ за првите девет месеци од оваа година оствари раст на профитот од работењето од 13 проценти, на 209 милиони швајцарски франци (169,1 милиони евра).

Во истиот период, приходите на швајцарскиот авиопревозник се зголемени за 2,4 проценти, на 3,91 милијарди франци.

Во третиот квартал, годишниот профит од работењето на „SwissAir“ е зголемен за 10 проценти на 137 милиони франци, додека приходот е зголемен за два проценти на 1,39 милијарди франци.

Патничкиот сообраќај на швајцарската компанија во изминатиот период од годината остана на стабилно ниво. „SwissAir“ од јануари до крајот на септември оваа година имал вкупно 12,2 милиони патници, што е годишен раст од 1,1 проценти.

Во третиот квартал бројот на патници, на годишно ниво, е зголемен за 1,6 проценти на 4,43 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП