2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно висока стапката на невработеност во еврозоната

Рекордно висока стапката на невработеност во еврозоната

eurozona1

Стапката на невработеност во 17 земји нa еврозоната во септември достигна рекордно високи 12,2 проценти, бидејќи без работа биле околу 19,5 милиони лица, соопшти денес статистичкиот завод Еуростат.

Во споредба со август, бројот на невработени е зголемен за околу 60.000 лица.

Еуростат наведува дека во септември без работа биле 3,5 милиони млади лица од 25 години, пренесува агенцијата АФП.

Најниска стапка на невработеност во оваа категорија меѓу земјите на еврозоната има Гeрманија – 7,7 проценти.

На спротивниот крај се Грција и Шпанија, каде стапката на невработеност меѓу младите изнесува околу 57 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП