22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Mitsubishi“ конечно се сети на Европа: Новиот „Outlander“ е помоќен од кога...

„Mitsubishi“ конечно се сети на Европа: Новиот „Outlander“ е помоќен од кога било (ФОТО/ВИДЕО)

Во последните неколку години се чини дека „Mitsubishi“ донекаде ја заборави Европа, тие ја поправаат оваа грешка со ажурирана верзија на добро познатиот модел.

Конечно беше претставен „Mitsubishi Outlander“ за Европа, три години откако се појави на јапонскиот пазар. „Outlander“ е „plug-in“ хибрид во својата четврта генерација, а ќе се произведува во Јапонија, додека испораките ќе започнат на крајот на оваа година.

Станува збор за теренец со прилично големи димензии – 4.720 mm x 1.860 mm x 1.7500 mm, а производителот тврди дека внатрешноста е оптимизирана за да има повеќе простор, а во исто време ја намалува бучавата во однос на претходникот.

Што се однесува до иновациите, тука е дигитален ретровизор како и инструмент таблата како и инфозабавниот систем, и двата имаат дијагонални екрани од 12,3 инчи. Капацитетот на багажникот е 495 литри (1.404 со преклопени седишта).

Погонската единица е, како што рековме, „plug-in“ хибрид, и комбинира бензински мотор со два електрични. Батеријата со капацитет од 22,7 kWh е доволна за автономија од 86 km.

Предниот електромотор има моќност од 116 ks, а задниот 136 ks. Кога станува збор за бензинскиот мотор, тој располага со 136 ks и 203 Nm максимален вртежен момент.

Цената за „Mitsubishi Outlander“ во Германија ќе биде 49.990 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП