4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook оствари одлични резултати во третиот квартал

Facebook оствари одлични резултати во третиот квартал

fb parii

По падот кој траеше една година, „Facebook“ конечно закрепна и покажа одлични бројки за третиот квартал. Аналитичарите очекуваат солиден квартал, а „Wall Street“ прогнозираше 1.9 милијарди долари од приходите и заработка по акција од 18 до 19 центи.

Сепак, „Facebook“ пријави 2.02 милијарди долари во приходи и 25 центи заработка по акција. Приказната која ги привлече инвеститори кон „Facebook“ во споредба со претходниот квартал, е нивниот раст во мобилиот сегмент.

Во последниот квартал „Facebook“ дури 41 процент од приходите ги привлече од мобилниот дел, во однос на 31 процент колку што мобилниот дел донесе во вториот квартал. Дневните корисници на „Facebook“ се втор важен показател дека друштвената мрежа е на здрава основа, а тој број сега изнесува 728 милиони посетители.

Инвеститорите на конференцијата за финансиски трансакции внимателно слушаа за важноста на двата нови производи на „Facebook“ – Видео и „Instagram“ рекламите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП