24 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕПсихијатар: Осаменоста и зависноста од интернет ќе станат водечки проблеми

Психијатар: Осаменоста и зависноста од интернет ќе станат водечки проблеми

Осаменоста и зависноста од интернет ќе станат водечки ментални здравствени проблеми во овој век, предупреди психијатарката Маријана Браш.

„Ние ја делиме судбината на светот, сè потешко ни е да се справиме со она што ни го донесе неконтролираното користење на интернетот и играњето игри од страна на младите и децата. За ова, меѓу другото“, вели проф. Маријана Браш.

Таа посочува како се дефинираат некои нови дијагнози со кои се среќава современата психијатрија, а се предизвикани од негативното влијание на социјалните мрежи, лажните вести и животот во виртуелната реалност.

„Водечките проблеми во психијатријата веќе не се депресијата и анорексијата, туку зависноста од интернет, невро-развојните нарушувања, осаменоста и психо-онкологијата. Се соочуваме со голема промена за која мора да бидеме подготвени и да одговориме на прашањата – како да ја контролираме употребата на интернетот кај млади луѓе, како да се забрани во училиште, како да се спречат да гледаат детска порнографија“, вели Браш.

Таа потсетува дека Светската здравствена организација (СЗО) неделава предложи зависноста на младите од интернет да се третира како зависност од тутун. Во Македонија се уште нема развиена борба против зависноста од интернет, а имаме се повеќе млади зависници.

Се зголемува и осаменоста кај младите, кои се повлекуваат од општеството за буквално со денови да не излегуваат од дома. Станува збор за екстремна социјална изолација, а феноменот првпат беше идентификуван во Јапонија на крајот на 90-тите години на минатиот век, а беше наречен синдром „хикикомори“, што на јапонски значи „повлекување навнатре“.

„Луѓето ќе станат анксиозни и депресивни, младите ќе развијат АДХД и нарушувања од спектарот на аутизам поради живеење во виртуелен свет каде што стануваат зависни од социјалните мрежи, лажните вести и теориите на заговор. Мораме да го фокусираме најголемиот дел од ова на младите луѓе“, вели Браш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП