2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Банките да даваат повеќе кредити на фирмите

Ставрески: Банките да даваат повеќе кредити на фирмите

zoran-stavrevski

Банките во Македонија да го зголемат кредитирањето на компаниите и со тоа да го поддржат и растот на економијата. Ова е пораката од денешниот Регионален форум на гувернери и министри за финансии од регионот.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, има услови за зголемување на кредитирањето на фирмите од страна на банките.

– Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот.

Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите. Тој раст е 3,7 проценти и следната година треба да стигне 7-8 проценти за да дадат поддршка на растот на инвестициите, рече Ставрески на форумот во Скопје.

Тој додаде дека ова ќе биде поддржано од страна на Владата со обезбедувањето на новата кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра која е одобрена на Бордот од страна на банката, а за две недели се очекува законското решение да помине и во Владата и во Собранието на Република Македонија.

Со порака до банките да го зголемат кредитирањето на фирмите беше и гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов.

– Амбиент за заживувње на кредитниот раст има. Оваа година имаме солиден раст. Според проекциите, тој ќе биде над 3 проценти, а за следната година е дека ќе продолжи уште посилно, рече Богов.

Според него, банките имаат здрави портфолија и сега е само конкурентската борба меѓу нив за пласирање на средствата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП