16 април, 2025
ПочетнаСВЕТПиперките од Албанија претставуваат сериозен ризик по здравјето: Откриена пратка на словенечката...

Пиперките од Албанија претставуваат сериозен ризик по здравјето: Откриена пратка на словенечката граница

Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната.

Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форметанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а форметанат десет пати поголем.

Нелегалните хемикалии биле откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска.

Нема информации дали загадената пиперка завршила на македонскиот, српскиот и на хрватскиот пазар.

Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот.

Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија и, при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци била намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП