Во рамки на Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, денеска ќе се одржи првиот регионален форум на гувернери, министри за финансии и здруженија на банкарство од регионот.
Форумот на тема „Земјите од регионот во услови на економска криза – предизвици и решенија“ го организира Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија со поддршка на Народната банка и Министерството за финансии.
На форумот ќе бидат доделени и плакети на најдобрите шалтерски работници на сите банки и штедилници за 2013 година.