13 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „Volkswagen ID.3“ чини исто колку и „Golf“

Електричниот „Volkswagen ID.3“ чини исто колку и „Golf“

Локалниот германски медиум „Wolfsburger Nachrichten“ јавува дека електричниот „Volkswagen ID.3“ ќе биде значително поевтин.

Продажната цена на овој компактен електричен автомобил за прв пат ќе се спушти под границата од 30.000 евра.

Каталошката цена на основната „ID.3“ – основна верзија (батерија 52 kWh, домет 320 km) од 1-ви октомври ќе се намали од сегашните 36.900 на 33.330 евра.

Производителот сепак одобрува дополнителен попуст од 3.570 евра. Автомобилот затоа ќе чини 29.760 евра. Понудата треба да биде активна барем до крајот на годината.

„Нашата цел е да инспирираме што е можно повеќе клиенти да се префрлат на електричен „Volkswagen“. Атрактивните почетни цени играат важна улога во тоа“, рече Мартин Сандер, директорот за продажба на марката, за споменатиот весник.

Така, „ID.3“ ќе чини исто како и пристојно опремен „Golf“.

„Volkswagen ID.3“ беше претставен во 2019-та година како електрична алтернатива на бестселерот „VW Golf“. Компанијата долго време не сакаше да се приклучи на „војната за цени (намалување) на електричните автомобили“ што ја започна „Tesla“ и кинеската конкуренција.

Сепак, целите на Европската унија влијаеја врз деловната политика на компанијата. Од следната година, сите производители ќе треба да го намалат отпечатокот на CO2 на нивната флота.

Ако не ги исполнат целите, ќе платат огромни казни. Овој потег на „Volkswagen“ треба да се толкува токму во тој контекст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП