2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays повторно под истрага

Barclays повторно под истрага

barclays1

Британскиот банкарски гигант „Barclays“ откри дека се наоѓа меѓу компаниите кои се под истрага поради сомневање дека учествувале во манипулирањето со девизните курсеви.

„Barclays“ кој сеуште се обидува да ја „исчисти“ својата репутација по учеството во скандалот околу местењето на Лондонската каматна стапка, наведува дека не може да ги предвиди последиците од најновата истрага околу активностите на глобалниот финансиски сектор, пренесува агенцијата Франс прес.

Германската банка „Deutsche Bank“ вчера соопшти дека исто така е предмет на истрага околу местењето на девизните курсеви, покрај швајцарскиот „UBS“ и британската банка „RBS“.

„Barclays“ наведе дека е под истрага на властите и дека во тек е прегледот на тргувањето на девизните пазари во периодот од неколку години заклучно со август. Банката додаде дека соработува со властите во истрагата.

Соопштението дека „Barclays“ е под истрага доаѓа по извештајот за заработката во третиот квартал, каде банката оствари нето профит од 511 милиони фунти, во однос на загубата од 183 милиони во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП