29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да ја намалите потрошувачката на гориво

Како да ја намалите потрошувачката на гориво

potrosnja-goriva

Иако на потрошувачката на гориво значително влијаат карактеристиките на патот по кој најчесто се возите, со неправилниот и неекономичниот стил на возење можете значително да ја подигнете потрошувачката. Обидете се со овие неколку совети да ја намалите потрошувачката на гориво.

Прво и основно, редовно сервисирајте го возилото и одржувајте го исправно. Со тоа не само што вашиот автомобил ќе ви служи подолго и поквалитетно, туку ќе ја намалите и потрошувачката на гориво.

Одржувајте го возилото исправно и рационализирајте ги трошоците.

Нередовното менување на маслото, неисправните сопирачки, ауспухот и филтерот за воздух значително ја зголемуваат потрошувачката. Купувајте гориво со октански вредности кои се пропишани за моторот на вашиот автомобил. Со купувањето на гориво со поголеми октански вредности нема дополнително да ги подобрите перформансите на вашето возило, туку само ќе имате поголем трошок.

Воздухот во гумите и светлата.

Редовно контролирајте го воздухот во гумите, барем еднаш месечно. Малото испуштање на гумите создава поголем отпор, па и потрошувачката на горивото е поголема. Ако патот е сув, напумпајте ги гумите од 0.2 до 0.3 бара повеќе. Покрај непотребното користење на климата, внимавајте и на користењето на светлата. Истражувањата покажа дека светлата влијаат на потрошувачката на автомобилот и до 3dl гориво на 100 km.

Непотребен терет и начин на возење.

Внимавајте да не возите непотребен терет во багажникот. Исто така, симнете ги носачите за скии и кутиите од покривот, кога не ви се потребни. Новите автомобили со модерни мотори можат да работат на ниски вртежи. Поради тоа се препорачува да го држите моторот на ниски вртежи и да бидете нежни кога ќе ја притиснете педалата за гас.

Забрзувајте без двоумење, со 60 до 70 проценти од гаста, а тогаш попуштете ја и одржувајте ја брзината со минимално притискање на педалата за гас. Тоа е најдобриот начин за забрзување при кој автомобилот со вбризгување на горивото, најмалку троши. Сопирањето исто така троши гориво, па поради тоа нема потреба без причина да забрзувате.

Предвидувајте ги ситуациите во сообраќајот.

Возете „паметно“ – предвидувајте го менувањето на светлата на семафорот, наместо да се залетувате на црвено. Избегнете ги непотребните забрзувања и непотребните сопирања. Во случај на подолго чекање во колона, исклучете го моторот. Возете мудро по нагорнина и надолнина. Кога сте на надолнина, немојте да сопирате туку пуштете силата на тежата да ве забрзува.

Во тој случај на нагорнина ќе ви треба помалку гас за да се искачите. На тој начин брзината варира, но автомобилот е помалку оптеретен и помалку троши. Исто така ќе заштедите гориво доколку возите зад друг автомобил кога дува ветер. Возачот пред вас остава зад себе зона на низок притисок и поради тоа потрошувачката се намалува.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП