28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Роснефт зголемен за 50 проценти

Профитот на Роснефт зголемен за 50 проценти

rosneft1

Нето профитот на руската нафтена компанија Роснефт за првите девет месеци од 2013 година е зголемен за 50 проценти , на 417 милијарди рубљи (9,48 милијарди евра).

Во првите девет месеци минатата година чистата добивка на оваа компанија изнесуваше 285 милијарди рубљи, пренесува агенцијата Итар тас.

Приходите на Роснефт од јануари до септември оваа година се зголемени за 47,4 проценти и достигнаа 3,34 милијарди рубљи.

Во третиот квартал од 2013 година руската нафтена компанија го зголеми нето профитот за 54,7 проценти на годишно ниво, на 280 милијарди рубљи.

Приходите на Роснефт од јули до септември се зголемени за 69 проценти, во однос на истиот период минатата година, на 1,35 милијарди рубљи.

Капиталните расходи за девет месеци изнесувале 378 милијарди рубљи, а слободниот готовински тек 152 милијарди рубљи.

Производството на нафта и гас на Роснефт, вклучувајќи ги и зависните компании, во третиот квартал од оваа година е зголемено за два проценти на годишно ниво, на 4,88 милиони барели нафтен еквивалент дневно, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП