16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕСМ со најголем минус во касата!

ЕСМ со најголем минус во касата!

ЕСМ, МЕПСО, Македонски Железници, Пошта, се само дел од државните компании кои имаат сериозен минус во касите. Податоците кои ги објави Министерството за финансии покажуваат дека на врвот на листата на загубари е Електрани на Северна Македонија, веднаш зад неа на второ место е АД за пренос на електрична енергија и управување со електро енергетскиот систем МЕПСО кој е со минус од речиси два милиони евра. Финансиските негативни резултати се движат од неколку десетици илјади до речиси 30 милиони евра – дупка во касите.

-Електрани на Северна Македонија 27 милиони евра

-МЕПСО 1.9 милиони евра

-АД Железници – Транспорт 1,8 милиони евра

-ЈП Нацонални шуми 780 илји евра

Министерството за финансии во кварталниот извештај објави 29 компании кои се во државна сопственост и акционерски друштва и кои имаат големи минусни салда на своите сметки.

На листата се најдоа и Македонската радио телевизија, Акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор, ЈП Стрежево Битола, АД Аеродроми на Република Северна Македонија, ДООЕЛ Борис Трајковски, ЈП Студенчица Кичево, ЈП Агро Берза Скопје, ДООЕЛ Нафтовод Скопје, АД Пошта на Северна Македонија.

Најголемиот дел од овие компании се наоѓаат и на листата на должници на УЈП коио се наоѓаат на месечните извештаи на оваа државна институција.

И покрај ваквите состојби со државните компании, тие и натаму се мета на партиски цели, односно во овие државни фирми редовно се вработуваат партиски војници кои работноте место го добиваат само поради нивната партиска определба, секако со чест на исклучоци.

Досега речиси сите должници кои се под државна капа се спасувани со пари од централниот буџет кој го полнат граѓаните.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП