27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi RS6 Avant со 671 KS (фото)

Audi RS6 Avant со 671 KS (фото)

avant

Автомобилот „Audi RS6 Avant“ сам по себе е доволно насилен и луд, па е во можност најобичното возење да го претвори во тркачко уживање. Но можете ли да си замислите како би изгледал уште поагресивен?

Тоа го стори германската тјунерска куќа „O.CT Tuning“, која претстави пакет на модификации за најмоќниот караван на компанијата од Инголштад, кој го претвора во вистински супер-автомобил.

avant1

Главниот акцент е на пакетот за оптимизација на моторот, кој допринесува за агресивно подобрување на постоечкиот софтвер на 4.0-литарскиот TFSI V8 агрегат. Резултатот е промена на перформансите од 552 KS и 700 Nm на 661 KS и 880 Nm вртежен момент.

avant2

Како резултат на тоа, „RS6 Avant“ до „стотка“ забрзува за пола секунда побргу (3.4 секунди). Што се однесува до максималната брзина „O.CT“ нуди два пакети во кои брзината електронски е ограничена на 300 и 320 km/h, иако може да се нарача и поголема брзина.

Една од опциите е и комплетен спортски издувен систем, кој обезбедува вистински тркачки звук, но и дополнителни 10 „коња“ за вкупно 671 KS.

avant3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП