7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Закрепнување да, крај на кризата не

ЕЦБ: Закрепнување да, крај на кризата не

ecb6

Финасискиот сектор на Европа покажува знаци на закрепнување, но и понатака е рано да се каже дека кризата во потполност поминала, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Кредитните услови во еврозоната и понатака се заострени, но во наредните месеци би требало да се започне со најновите олабавувањата, покажаа резултатите на најновата анкета на ЕЦБ, во која учествуваа банките на еврозоната, пренесува Франс прес.

Процентот на банките, кои очекуваат дека во тековниот квартал ќе бидат заострени критериумите за доделување на кредити за претпријатијата и домаќинствата, се намали на пет проценти во третиот квартал од седум проценти од претходниот квартал, додава ЕЦБ.

Во четвртиот квартал, банките предвидуваат олабавување на кредитните услови за претпријатијата, за прв пат од крајот на 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП