5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмалиот апарат за кафе прави еспресо за 30 секунди (видео)

Најмалиот апарат за кафе прави еспресо за 30 секунди (видео)

kafe masin

Еден Германец одлучил дека не може повеќе така. Нему преку глава му било од службеното инстантнот кафе во кујната на работното место. Затоа тој го конструирал најмалиот апарат за кафе во светот, која се става во микробранова и прави еспресо за само половина минута.

Најновиот производ го носи брендот „Piamo“ и е дело на Кристоф Мајер, кој е од Минхен.

kafe masin 1

Што претставува апаратот за кафе, сигурно се прашувате? Тој е изработен е од пластика и е составена од три дела – чашка, контејнер со цедилка за мелено кафе и мал сад за вода.

„Piamo“ се става во микробранова печка, а потоа откако водата во него ќе почне да врие, пареата поминува низ филтерот, се лади и се претвора во кафе. Сето тоа за 30 секунди.

Голема предност на уредот е тоа дека лесно може да го расклопите и се чисти директно под млаз вода од чешма. Предвидената пазарна цена за „Piamo“ е околу 60 фунти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП