26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat ќе го произведува Ducato во Москва

Fiat ќе го произведува Ducato во Москва

fiattda

Владата на руската претстолнина Москва се договори со италијанскиот производител на автомобили, „Fiat“ за монтажа на комбињата „Ducato“ во погоните на фабриката „ZIL“.

Како што пренесуваат одредени медиуми од московска страна во проектот ќе учествува компанијата „Mosavto ZIL“.

Моментално во фабриката се донесени машини и опрема, а првите возила за монтажа ќе бидат доставени до 1-ви јануари 2014-та година, изјави изворот и објасни дека производителот има намера да влезе во повластен режим.

Целосната монтажа ќе започне во април 2014-та година, а во 2015-та година компанијата има во план да го достигне капацитетот од 40.000 автомобили годишно.

Инвестициите во проектот ќе го чинат основачкиот капитал на компанијата и кредитот од „Sberbank“. „Fiat“ ќе ја донесе технологијата и ќе работи со условот „земи или плати“, што значи дека на себе ја превзема реализацијата на произведените автомобили во целосен обем, објасни изворот, но не го откри обемот на инвестицијата.

Според договорот на „Fiat“ и руското министерство за економски развој кој е потпишан во 2011-та година, концернот се обврзува во Русија да произведува 120.000 автомобили годишно, како и да изгради фабрика за мотори во која ќе вложи повеќе од милијарда долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП