5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблетот на Lenovo со рачка

Таблетот на Lenovo со рачка

Lenovo-Yoga-Tablet

На конференција во Лос Анџелес, Аштон Качер претстави два нови таблети. Не, тој нема отворено своја компанија, туку тоа го стори за компанијата „Lenovo“.

Најголемиот светски производител на компјутери одлучи сериозно да влезе на пазарот на таблети, а тоа го стори претставувајќи ги таблетите „Lenovo Yoga“ со 8 и 10 инчни екрани.

Покрај тоа што ги карактеризира пристапната цена – 249 и 299 долари, овие таблети имаат и поразличен дизајн од оној на кој што сме навикнати.

Таблетот „Yoga“ има рачка во облик на цилиндер кој овозможува полесно да го држите таблетот ако го користите како „е-читач“, а исто така да го потпрете за да стои исправено додека гледате филмови, но има и дополнителна предност. Од  „Lenovо“ велат дека во тој дел може да се стави дополнителна батерија која ќе овозможи работење на таблетот до 18 часа.

Што се однесува до хардверските спецификации, двата модели имаат екрани со резолуција од 1.280×800, процесорот е „MediaTek“ со четири јадра, а тука е и 16GB интерната меморија. Камерата на овој уред е со резлоуција од 5 мегапискели и 1.6 во случајот со предната камера. Инаку овие таблети работат на оперативниот систем на „Android“ во верзијата 4.2.2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП