5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook го купува BlackBerry?

Facebook го купува BlackBerry?

facebook-messenger-blackberry

Судбината на компанијата „BlackBerry“ можеби е во рацете на Марк Цукерберг. Како што дознава „Волстрит Журнал“, директорите на „Facebook“ овие денови во Калифорнија биле домаќини на преставниците на канадскиот гигант и разговарале за можното превземање.

„BlackBerry“ веќе некое време бара купувач кој е подготвен да ја превземе компанијата, која бележи големи загуби и чии „последни сламки“- новиот ОС и новата линија на телефони, брзо „пукнаа“ под притисок на конкуренцијата.

Иако се појавија информации дека „спасител“ е пронајден во вид на група од најголемите акционери на „Fairfax“, подоцна стана јасно дека тие, како и кинескиот „Lenovo“, моментално не се подготвени за ништо повеќе од добро „чешлање“ на сите книги и нова рунда на размислување за евентуалната инвестиција.

„Волстрит Журнал“ вели дека не е познато ни колку „Facebook“ напреднал во своите размислувања, но ја истакнуваат желбата на Цукерберг, „Facebook“ да се најде на што е можно повеќе телефони.

„The Verge“ потсетува дека Канаѓаните се надеваат дека до крајот на ноември ќе знаат каква ќе биде судбината на компанијата и се шпекулира дека за неа се заинтересирани „Samsung“, „Google“, па дури и „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП