13 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPirelli и Bosch најавија соработка за развој на „паметни“ гуми

Pirelli и Bosch најавија соработка за развој на „паметни“ гуми

Возилата наскоро ќе можат да имаат, покрај паметни системи за возење и инфозабава, и паметни гуми, благодарение на соработката на италијански Pirelli и германски Bosch.

Италијанскиот производител на гуми Pirelli и германската технолошка групација Роберт Бош најавија соработка за развој на „паметна“ технологија за гуми која треба да биде интегрирана во системот за контрола на возилата.

Новиот софтверски систем треба да ја подобри безбедноста, удобноста, одржливоста и динамиката на возење, комбинирајќи ги сензорите интегрирани во пневматиците на Pirelli и хардверската и софтверската експертиза на Bosch.

Комбинацијата ќе овозможи собирање, обработка и пренос на податоци за гумите во реално време за да се обезбедат параметри за електронскиот контролен систем на возилото, се вели во соопштението.

Во првиот заеднички проект, Bosch веќе разви апликација за Pirelli за контрола на стабилноста на гумите поставени на суперавтомобилите Pagani, се додава.

Финансиските детали за новиот проект не се соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП