20 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку секс е доволно месечно?

Колку секс е доволно месечно?

Студијата насловена како „Состојбата на забава: како генерацијата Z ја редефинира сексуалноста и врските“, спроведена од Институтот Кинси на Универзитетот во Индијана, покажа интересни резултати за сексуалните односи на членовите од различни генерации.

Според Daily Mail, во ова истражување учествувале 3.310 корисници на апликацијата за запознавање Feeld, кои доаѓаат од 71 различна земја.

Учесниците на возраст од 18 до 75 години одговарале на прашања за нивниот сексуален живот, а добиените податоци откриваат колку пати месечно имаат секс членови од различни генерации.

Генерацијата Z потфрли

Податоците покажаа дека членовите на генерацијата Z (1995 – 2009) имаат секс во просек три пати месечно, а истата бројка ја пријавиле и бејби бумерите (1946 – 1964).
„И генерацијата Z и Boomers покажаа речиси идентични стапки на односи, што сугерира дека членовите на најмладите и најстарите генерации имаат најмалку секс“, се вели во извештајот.

Милениумците (1980 – 1994) и генерацијата X (1965 – 1980) се пофалија со нешто поголем број – тие имаат односи во просек пет пати месечно, а истражувањето покажа и колку членови на одредени генерации во просек се сингл.

Статус на врска и фетиши во кревет

Всушност, речиси половина од генерацијата Z велат дека се сингл, во споредба со само една петтина од Милениумците, генерација X и Бејби бумерите.

Сепак, и покрај тоа што имаат најмалку секс, податоците покажуваат дека генрација Z е најавантуристичката група кога станува збор за секс. Дури 55 проценти од нив рекле дека откриле нов фетиш откако се приклучиле на апликацијата Feeld, во споредба со 49 проценти од милениумците, 39 проценти од генерацијата X и 33 проценти од бумерите.

„Истражувачите понудија најмалку две објаснувања за ова. Едното е дека постарите возрасни едноставно имаат повеќе време да научат и да откријат што им се допаѓа во сексот, па можеби веќе ги откриле своите фетиши. Меѓутоа, друго објаснување е дека помладите возрасни изгледа денес имаат поголем севкупен интерес за фетишите отколку постарите возрасни лица, што може да создаде поголема отвореност за истражување и откривање на нивните сопствени преференции“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП