6 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГерманските големи компании се повеќе користат вештачка интелигенција, помалите компании се уште...

Германските големи компании се повеќе користат вештачка интелигенција, помалите компании се уште се воздржуваат

Германските големи компании сè повеќе користат вештачка интелигенција (AI) во своите операции, додека помалите фирми сè уште се воздржуваат, според студијата објавена денеска од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.

Според извештаите, приближно 12 отсто од германските компании користеле најмалку една алатка за вештачка интелигенција минатата година, првенствено во ИТ секторот и меѓу давателите на услуги поврзани со бизнисот. Во европска споредба, Германија е на седмото место во користењето на алатки за вештачка интелигенција во компаниите, зад земјите како Данска, Финска, Луксембург и Белгија, каде овој процент е 14 проценти. Спротивно на тоа, Германија е пред Ирска каде вештачката интелигенција ја користат осум проценти од фирмите, додека во Франција овој удел е само шест проценти.

Големината на компаниите игра значајна улога во усвојувањето на алатките за вештачка интелигенција. Приближно една третина од големите германски компании со повеќе од 250 вработени користат вештачка интелигенција, додека кај помалите компании овој удел изнесува само десет проценти.

„Компаниите треба да инвестираат во обука на своите вработени. Покрај тоа, употребата на вештачка интелигенција треба да се промовира во малите и средни претпријатија“, коментира експертот на ИФО и автор на студијата Оливер Фалк.

Германските компании користат вештачка интелигенција првенствено за ИТ безбедност, маркетинг, производство и контролни процеси, за анализа на текст и податоци и автоматизација во производството.

„Широката употреба на вештачката интелигенција во компаниите е една од нашите најголеми надежи за иднината. Вештачката интелигенција може да осигура дека нивото на просперитет ќе се одржи и покрај демографските промени“, коментираше шефот на Индустриската и трговската комора на Минхен и Горна Баварија, Манфред Гесл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП