20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТинејџерката која на 14 години започна бизнис и заработи 250 милиони долари

Тинејџерката која на 14 години започна бизнис и заработи 250 милиони долари

bela1

Запознајте ја Бела Вимс, од Чендлер во Аризона, тинејџерката која отвори компанија за продажба на накит по нарачка со своите 14 години и успеа да дојде до заработка од 250 милиони долари само оваа година.

Бела Вимс сега има 17 години, но имала само 14 години кога ја основала „Origami Owl“ компанијата за продажба на накит. Откако во 2010 година започна со работа, компанијата почна да се шири неверојатно брзо и започна да вработува многу дизајнери ширум земјата, па беше и очекувано да достигне огромна заработувачка од 250 милиони долари.

Бела дошла до идеја кога имала 14 години, откако, како што вели, ги прашала родителите дали за 16-от роденден ќе и купат автомобил. Тие и рекле дека треба сама да заработи пари за автомобил, а тоа ја навело Бела да размислува за начинот на кој би можела да заработи, па одлучила да прави и да продава накит.

На нејзините 350 долари кои ги заштедила работејќи како бејбиситерка, родителите и додале уште толку, а таа започнала да ги рекламира своите производи на сајтот на еден свој пријател. Потоа започнала да продава потпишан накит, кој таа го нарекла „Living Lockets“. Го продавала каде што можела, на домашни забави, во бутици, на локални саеми за накит.

„Секогаш сум верувала дека сите можат да станат она што длабоко го имаат зацртано во своите глави. Имав цел и целосно се посветив на таа цел – потполно се посветив на работата и многу малку време поминував со пријателите. Со тек на времето мојот накит почна да се продава „самиот себе“, раскажува Бела.

Во 2011 година, заработката изнесувала 250.000 долари, а наредната година заработила дури 86 пати повеќе. Сега „Origami Owl“ има преку 25.000 независни дизајнери кои продаваат накит каде што ќе стигнат – на домашни забави, саеми и на разни случувања ширум земјата. Бела основала компанија, но сеуште се потпира на семејството и бара да и помогнат околу водењето на работата, додека не заврши средно училиште.

Мајката на Бела е ко-основач и и помогна на ќерката да основа тим од дизајнери, а двете тетки и двајцата вујковци се задолжени за промоција и рекламирање. Амбицијата на Бела не само што се исплатела, туку и помогнала да го оствари она за што започна со работа, а тоа е купување на бел џип кој го нарече „Алис“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП