20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRabobank казнета поради Либор

Rabobank казнета поради Либор

rabobank1

Холандската банка „Rabobank“, e казнета со 774 милиони евра поради учество во местењето на Лондонската меѓубанкарска каматна стапка – Либор.

Холандските, британските и американските финансиски власти ја казнија банката поради сериозно, долготрајно и раширено непочитување на прописите во врска со Либор, пренесува агенцијата Франс прес.

Либор, како глобална каматна стапка, се пресметува секој ден на основа на проценките на банките кои се однесуваат на нивните меѓубанкарски каматни стапки.

Сепак, излезе дека системот за формирање на Либор е подложен на злоупотреба, бидејќи некои трговци ги лажирале трошоците за задолжување за да ги зајакнат своите позиции или да ги прикажат своите банки како сигурни.

„Rabobank“ во периодот од речиси шест години, од мај 2005 до јануари 2011 година, им овозможил на трговците да манипулираат со податоците кои се предавале за формирање на Либор, наведува британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор.

Поради учеството во местењето на Либор, претседателот на „Rabobank“ Пит Морланд поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП