Данската полиција ја уапси активистката Грета Тунберг на протестот во Копенхаген против војната во Газа, изјави портпаролот на студентската група која ги организираше демонстрациите.
Шест лица се приведени на лице место на Универзитетот во Копенхаген, откако околу 20 лица го блокирале влезот во зградата, а тројца влегле внатре, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.

