29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија погодена од одлив на капитал

Индија погодена од одлив на капитал

India Daily Life

Индија е единствената земја од растечките економии која најмногу е погодена од одливи на странски капитал во Европа и САД.

Вредноста на странскиот капитал кој од јули до август оваа година „се пресели“ од Индија кон други дестинации се проценува на 15 милијарди долари.

Поради огромниот одлив на капитал во текот на летото, националната валута на Индија, рупии, изгуби 18 проценти од вредноста, пренесува весникот Ле Монд.

По финансиската криза во 2009 година, Индија го искористи падот на побарувачката на западните пазари и ја поттикна внатрешната потрошувачка. Но, поради неспособноста на домашната индустрија да одговори на барањата на растечкиот индиски пазар, како и отсуството на развојот на застарената инфраструктура, растот на извозот го продлабочи трговскиот дефицит.

Странските инвеститори го губат интересот за Индија поради комплицираната политичка ситуација во земјата и скандалот поврзан со корупцијата.

Падот на рупијата, сепак, доведе до пад на комерцијалниот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП