18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува „Банкекспо 2013“

Почнува „Банкекспо 2013“

bankexpo

Во Скопје денеска почнува Вториот саем на банки и штедилници „БанкЕкспо 2013“ во организација на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Потврдено е присуството на претставници од шест земји од регионот, односно од Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Турција.

Покани се упатени и до претставници до сите земји од регионот.

Во рамки на саемот ќе се одржи и форум на кој ќе се разговара за порастот на нефункционалните кредити во регионот.

Саемот се одржува во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП