4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИСе очекува долгорочен пад на индексот на германската берза на акции

Се очекува долгорочен пад на индексот на германската берза на акции

G

Во пресрет на денешниот ден кога сите инвеститори го очекуваат извештајот на FOMC (20:00 часот) кој директно ќе влијае на сите берзи, а посебно на валутната берза како индикатор за наредниот тренд на американскиот долар, во тек на овој ден не објавуваме техничка анализа поради фактот дека може сешто да се случи и не може да се предвидува ништо на краткорочен период бидејки не знаеме што овој пат ќе ни зготват американците во извештајот. Во секој случај за наредниот ден ќе имаме отворена слика и можност за анализирање на валутните парови во сооднос со збирот на податоци од економските објави и трехничкиот приказ.

Затоа денес ви претставуваме една долгорочна анализа и предвидување на цената на индексот на Германската Берза на Акции “DAX30”.

Веруваме дека многу од вас директно или индиректно сте инволвирани во надворешната трговија за увоз и извоз токму во соработка со Германија, како наш втор по големина економски партнер при увозот и извозот на стока, но еден од поважните фактори за успехот при трговската размена со надворешна земја е финансиската анализа за државата со која соработувате.

Веќе два месеца европската валута забележува значителен раст во однос на повеќето главни валути, а како што анализиравме и претходно се очекува еврото да продолжи со својот раст, но паралелно растат и европските индекси на акциските берзи, како во овој пример што е и европскиот индекс број 1 “DAX30”.

Доколку се размисли логично на овој паралелен раст(Европската валута и индексот на европските акции) ќе дојдеме до заклучок дека нешто не е како што треба или не е природно да има обостран раст. На пример цената на  европската валута поскапува во однос на другите валути на држави кои тргуваат со Германија, а производството и извозот во Германија сеуште расте, но до кога?

Затоа со помош на техничката анализа на графиконите може да се предвиди кога цената на финансиските деривати е прекупена (Overbought) посебно на поголемите временски периоди кои ни даваат попрецизна и поверојатна анализа, како и математичките пресметки на фибоначиевата теорија и психолошките нивоа кои претставуваат точни бројки (на пример 800085009000 итн.).

Токму цената на индексот на “DAX30” како што ќе забележете на графичкиот приказ на период од неделни јапонски свеќи (Weekly chart) ја достигна цената на психолошкото ниво 9000,00 единици, што претставува и рекордна цена на сите времиња, а доколку направиме историски преглед и калкулација од 2009-тата година кога цената изнесуваше4500,00 единици во споредба со денешната цена ќе забележиме раст од 100%.

Време е за оладување и веројатен пад на цената на овој индекс, но не на краткорочен период, туку за подолг период, така да наш предлог за инвеститорите е полека да размислуваат за продажни налози на овој индекс, а доколку не сте во можност физички да учествувате на оваа берза, ви предлагаме да ги користете услугите на Адмирал Маркетс, каде може да отворете трговска сметка и преку истата да извршувате продажни налози во секој момент кога ке посакате, а што е уште поголема предност истите акции кога ќе забележете профит може да ги купите во секој момент.

Графички приказ на “DAX30” на неделен период:

us

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП