2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочување на соработката меѓу македонските и хрватските компании

Продлабочување на соработката меѓу македонските и хрватските компании

Flag-Pins-Macedonia-Croatia

Можностите за инвестирање на компаниите од Осијек во Македонија и обратно од Македонија во Осијек беа главна тема на денешната средба меѓу министерот за економија Ваљон Сарачини и градоначалникот на Осијек, Иван Вркиќ со која се комплетира дводневната посета на Хрватска.

– Денеска сум во посета на Осијек и Славонски Брод. Со компании од овие два града имаме навистина голема можност за соработка. Од она што го слушнав на средбата со градоначалникот Вркиќ можам да заклучам дека добра соработка има и меѓу градоначалниците  од Македонија и Хрватска, изјави Сарачини.

Нагласи дека соработката меѓу македонските и храватските комании може да се продлабочи и да значи заеднички излез на трети пазари.

Градоначалникот Вркиќ посочи дека на средбата ги презнетирал актуелните инвестициски проекти каде интерес може да најдат македонски комапнии. Станува збор за индустриската зона Немети која располага со 100 хектари површина и каде моментално се бара инвеститор кој ќе ја менаџира и ќе отвори нови работни места.

– Имавме конструктивна средба со министерот Ваљон Сарачини, на која тој ни ги потенцираше можностите комании од кај нас да инвестираат во Македонија, но и обратно, ние ја понудивме нашата индустриска зона, аердромот и речното пристаниште, кои во овие моменти се најакутелни инвестициски проекти, изјави Вркиќ.

Освен во делот на бизнис условите и можностите, на средбата се разговараше и за потпишување на договор за размена на студенти, бидејќи Осијек е град со повеќе од 20 илјади студенти.

Беа разменти и искуствата во делот на туризимот, со акцент на селскиот туризам. Беше догворено дека македонски претставници од секторот туризам ќе го посетат Осијек, поточно областа Барања, каде овој тип на туризам е најразвиен.

За време на посетата на Славонски Брод и Осијек, министерот Сарачини оствари работна средба во компаниите „Ѓуро Ѓаковиќ Холдинг“ и „Сапониа Осијек“, како и со претставници на други компании.

Извршниот претседател на Холдингот Ѓуро Ѓаковиќ, Владимир Ковачевиќ посочи дека гледа голема можност за соработка со македонските компании.

– Значен дел од технологијата може да се трансферира од Хрватска во Македонија, односно од Ѓуро Ѓаковиќ во македонските компаниите со кои во овие моменти разговараме. Ние сме отворени за соработка, а не само за извоз во Македонија, особено за започнување на производство на борбени возила и за сервисирање и модернизавција на тенкови, изјави Ковачевиќ.

Директорот на Сапонија Дамир Скендер истакна дека Република Македонија е меѓу главните извозни партнери задоволни се од одличната соработка што ја имаат, но и тоа дека единствено во Македонија имаат отворено фирма Сапонија комерц преку која ги дистрибуираат производите во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП