13 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најмалку популарниот модел на брендот, но ќе ја добие и...

Ова е најмалку популарниот модел на брендот, но ќе ја добие и шестата генерација

Овој „Land Rover“ измина долг пат од синоним за „offroad“ до семеен теренец.

Многу фанови на некогаш познатиот британски бренд не можат да се помират со фактот дека под индиската хауба уште повеќе се оддалечија од „народот“ и станаа исклучиво луксузни теренци кои служат како статусни симболи за мнозинството.

Денеска тешко дека ќе го видите скапиот „Defender“ надвор од асфалтот, а камоли моделот „Discovery“. Овие два модели кои доста добро коегзистираа и заедно „се капеа во кал“ за време на „Camel Trophy“, а сега се непријатели.

Марк Камерон од „Land Rover“ за британскиот „Autocar“ ја објасни моменталната ситуација во која „Defender“ има шест пати подобра продажба од „Discovery“.

Сепак, „Land Rover“ не планира да го исклучи моделот, но се подготвува шестата генерација, која ќе го задржи семејниот шмек на својот претходник.

Иако нема специфики, „Discovery“ ќе се фокусира на „семејните авантури“ и ќе биде сместен на „вистински уникатна територија“, велат од брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП