19 април, 2025
ПочетнаСВЕТФранцуските разузнавачи го хакирале iPhone-от на основачот на Telegram

Француските разузнавачи го хакирале iPhone-от на основачот на Telegram

Француските разузнавачки служби го хакирале телефонот на Павел Дуров во 2017 година.

Француските разузнавачки служби го хакирале iPhone на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров во 2017 година, пишува Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на анонимен информиран извор.

Како што е наведено, кодното име на оваа операција било „Purple Music“, а на Французите во извршувањето на оваа задача им помогнале разузнавачи од Обединетите Арапски Емирати.

Волстрит журнал додаде дека француските разузнавачи веруваат дека терористите на Исламската држава користат Телеграм за регрутирање милитанти и планирање напади.

Според извор близок до основачот на оваа апликација, администрацијата на Телеграм со години ги игнорира поканите и наредбите издадени од органите за спроведување на законот, пренесува Комерсант.

Соговорникот на WSJ не прецизираше кои земји ги испратиле поканите.

Изворите наведуваат и дека во 2018 година францускиот претседател Емануел Макрон го поканил Павел Дуров на вечера и му предложил да го пресели седиштето на Телеграм во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП