17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите на Bongrain

Раст на приходите на Bongrain

bongrein1

Француската прехрамбена компанија „Bongrain“, една од светските лидери во производството на сирење, во третиот квартал оствари приходи од продажбата во износ од 1,05 милијарди евра, што е раст од 6,8 проценти на годишно ниво.

Во претходниот квартал остварен е пораст на приходите од 4,4 проценти.

За девет месеци од оваа година, приходите од продажбата се зголемени за 4,6 проценти, достигнувајќи вредност од 3,1 милијарди евра, пренесува францускиот лист Капитал.

До пораст на вкупната продажба дошло благодарение на зголемената активност во секторот „останати млечни производи“, каде за девет месеци е остварен пораст на продажбата од 1,5 проценти, во сегментот на сирењата растот беше поскромен, односно 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП