Постојат работи кои дефинитивно треба да ги правите после секс за да се заштитите од инфекции.
Покрај тоа, важно е да знаете што треба да избегнувате.
Не мора да се туширате веднаш по сексот, но туширањето во исто време со сексот може да ве заштити од бројни инфекции, вклучително и инфекции на уринарниот тракт.
Интимните делови измијте ги со топла вода, а можете да пробате и благи сапуни.
Многу жени веруваат дека е неопходно да се посвети посебно внимание на вагината. Сепак, топлата вода е сосема доволна за да ве заштити од инфекции. Имајте на ум дека вагиналниот мирис е нормален и не мора да значи дека има проблем, според „webmd.com“.
Избегнувајте да користите миризливи марамчиња, спрејови и креми чии производители тврдат дека ви помагаат да се освежите.
За време на сексот, бактериите можат да навлезат во вашата уретра, зголемувајќи ја можноста за инфекција. Затоа лекарите препорачуваат да уринирате после секс.
Жените треба да бришат од напред кон назад со тоалетна хартија за да го спречат ширењето на бактериите.
Испотените места се идеални за развој на бактерии. Затоа треба да носите долна облека и облека што дише. Жените по сексот треба да избегнуваат да носат тесни гаќички. Памучната долна облека е идеална и за жени и за мажи.
Се подразбира дека мора да ги миете рацете после секс.
Доколку ве чешаат или пецкаат интимните делови, посетете лекар.