30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПридобијте ги вашите вработени

Придобијте ги вашите вработени

vraboteni1

Одржувањето на мотивираноста, инспирацијата и продуктивноста на вработените, треба да е една од основните цели на секоја организација. Следуваат 5 начини како да го направите тоа:

1. Креирајте листа за правата на вработените

За да ја подобрите вашата работна средина, вработените треба да имаат право на комфорна работна средина. Менаџерите кои се однесуваат професионално, се непосредни и имаат фер одговор на секоја жалба. Вработените исто така треба да добијат преглед кој содржи сет на очекувања и цели за секој од вработените.

2. Градете можности за иницијативи

Вработени без можности да го користат нивниот мозок можат да бидат обесхрабрени. Со охрабрување на вашиот тим да размислуваат повеќе за работата која ја работат, тие ќе бидат повеќе зафатени. На пример, наместо да им го кажувате секој чекор за да ја извршат задачата, пренесете им ги одговорностите за крајниот резултат. Дозволете им да ја извршат задачата на нивен начин. Најчесто, малите бонуси или подароци, како што е вечера за двајца во локален ресторан, е одлично место за добри идеи кои ќе ги заштедат парите на една компанија. Охрабрете ги вработените, кои работат заедно да се сретнат и да разговараат како да работат повеќе ефикасно – обезбедете пијалоци во текот на нивните состаноци. Вашите вработени треба да чувствуваат, дека претставуваат вредност за организацијата.

3. Споделете ја големата слика со вработените      

Ако индустријата се менува, обезбедете им можности да научат повеќе за ново настанатите барања. Споделете ги вашите стратешки планови и иницијативи со сите кои работат за вас. Помогнете им да ја пронајдат нивната улога во успехот на компанијата. Колку повеќе споделувате, толку повеќе вработените ќе бидат поврзани. Бидете искрени, ако времињата се лоши, вклучете ги во деталите од ситуацијата. Тие може да имаат добри идеи кои можат да помогнат во подобрување на ситуацијата.

4. Споделете го успехот

Имавте добра година? Ќе споделите бонуси за сите ваши вработени? Ако склучивте зделка со голем клиент, или направите некоја голема продажба, прославете го со вашите вработени со специјална забава на крајот од денот со торта или со некоја специјална награда. Со овој потег, вие им давате на значење на вашите вработени, дека и тие помогнале за успехот и дека вие сте го препознале тоа. Со тоа ги охрабрувате вработените да ја разберат нивната вредноста за вас и за вашата организација.

5. Инспирацијата и енергијата, најпрво треба да дојдат од вас

Дозволете им на вработените да видат колку сте вие посветени во бизнисот. Ова може да ги инспирира и нив да бидат исто толку посветени. Кога ќе почнете да слушате од нив како говорат за компанијата “ние”  наместо “тие,” тогаш знаете дека сте на правиот пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП