8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМајстори на илузијата - Продавале непостоечки возила на е-Bay

Мајстори на илузијата – Продавале непостоечки возила на е-Bay

popeski

ФБИ распиша потерница по 33-годишниот романски државјанин, Николае Попеску, кој е обвинет за измама која на него и на неговите пет соработници им донела заработка од 3 милиони долари.

Попеску и четворицата негови сонародници, Даниел Аксел, Дмитру Даниел Босогиоу, Овиду Кристеа и Драгомир Разван, како и албанскиот државјанин Фабијан Меме на големите онлајн маркети вклучувајќи го и „eBay“, поставувале огласи во кои на продажба нуделе автомобили, мотори и чамци.

Криминалната банда која американското обвинителсто ја опиша како „мајстори на илузијата“, успевале да ги убедат луѓето да платат за автомобили кои не постоеле.

„Тие сметале дека нивната оддалеченост ги чини изолирани од контролата на органите за спроведување на законот. Но не беа во право“, вели американската обвинителка Лорета Линч.

Покрај „eBay“, групата поставувала огласи и на „Car.com“, „AutoTrader.com“ и „CycleTrader.com“ продавајќи непостоечки возила по цена која се движела од 10.000 до 40.000 долари.

Откако ќе бил постигнат договор со жртвата, „продавачите“ преку електронска пошта ја праќале сметката да изгледа дека ја испраќа „Amazon Payments“, „PayPal“ или некој друг платен сервис, со инструкции дека парите треба да се префрлат на некои од сметките во американските банки кои биле во сопственост на криминалците.

За да бидат убедливи, криминалците користеле лажни идентитети, лажни интернет страни и лажни документи, верувајќи дека нема да ги пронајдат.

Соработниците на Попеску биле уапсени во декември минатата година. Помошникот на директорот на ФБИ изјавил дека Попеску и неговите соочесници биле „мајстори на илузија“, но сепак тие не успеале да побегнат од сопствената реалност и дека ФБИ со помош на своите партнери во САД и странство успеале да ги приведат.

Во соопштението на „eBay“ се вели дека тие соработувале со полицијата за да ги предупредат корисниците за оваа измама. Купувачите на автомобили за да бидат сигурни дека нема да бидат дел од оваа измама, треба да ја започнат и завршат купопродажбата на „eBay Motors“, се вели во соопштението на „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП