Иако компактните модели паднаа од очите на јавноста во последните години, нивните спортски варијанти се сè поинтересни и побарани.
Еден од тие автомобили е секако „Audi RS 3“, кој „Audi“ го нуди во форма на хечбек и седан.
Моделот сега е освежен уште еднаш, а како што се наведува во соопштението, покрај естетските надградби, автомобилот станал уште поспособен за возење.
Под хаубата се уште е 2,5-литарски мотор со 400 ks и 500 Nm максимален вртежен момент. До 100 km/h достигнува за 3,8 секунди и забрзува до 290 km/h.
Сепак, „RS 3“ сега е побрз, првенствено благодарение на подобрувањата во работата на погонот и подобрените карактеристики на електронската логистика.
Естетските новитети се однесуваат, од предната страна, на нов дизајн околу решетката „Singleframe“, со поистакнати влезови и нови „LED“ светла. Нова графика на светла има и одзади, има поголем дифузор, а сопственикот може да смета и на овални издувни „топови“.
„Audi RS 3“ се произведува во Инголштад, а на пазарот ќе се најде во октомври. Почетната цена на германскиот пазар е 66.000 евра, додека лимузината е поскапа за 2.000 евра.