4 октомври, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПРВАТА УТРИНСКА ЦИГАРА МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА: Ако ја запалите волку минути...

ПРВАТА УТРИНСКА ЦИГАРА МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА: Ако ја запалите волку минути по будењето, во опасност сте

Без разлика колку долго пушите или колку цигари палите секој ден, лекарите утврдиле дека првата цигара наутро е најопасна и ако ја запалите во рок од 30 минути по будењето, ризикот од рак на белите дробови или грлото драстично се зголемува.

Едно големо истражување на Универзитетот Пен Стејт покажа дека повеќе од 63 отсто од пушачите ја палат првата цигара во рок од 30 минути по будењето! А тоа, според експертите, може да биде фатално бидејќи ризикот од рак на белите дробови или грлото се зголемува за дури 59 отсто во споредба со пушачите кои ја палат првата цигара подоцна по будењето.

-Откривме дека ако некое лице запали цигара веднаш по будењето, тој има повисоко ниво на NNAL, метаболит на канцерогениот NNK, во крвта во споредба со другите пушачи – вели професорот Стивен Бранштетер, еден од авторите на студијата во која учествувале 1.850 субјекти.

-Сметаме дека луѓето кои палат цигара веднаш по будењето го вдишуваат чадот многу подлабоко, што може да го објасни повисокото ниво на NNAL во крвта. Тоа значи дека тоа би можело да биде многу важен фактор во идентификацијата на ризичните пушачи – забележува Бранштетер.

Тој забележува дека нивото на NNAL е поврзано со возраста на лицето, возраста на која почнале да пушат, полот и дали имало други пушачи во домаќинството.

Колку ситуацијата е загрижувачка најдобро говори податокот дека само 19 отсто од анкетираните изјавиле дека ја палат првата цигара повеќе од еден час по будењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП