5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајниска невработеност во Унгарија

Најниска невработеност во Унгарија

ungarija1

Невработеноста во Унгарија во периодот од јули до септември се намали на 9,8 проценти од 9,9 проценти од претходните три месеци.

Ова е најниското ниво за последните четири години, соопшти денес унгарската канцеларија за статистика.

Унгарската стапка на невработеност, која во првите три месеци од оваа година достигна рекордни 11,8 проценти, последен пат се намали под 10 проценти во 2009 година, кога во периодот од мај до јули изнесуваше 9,7 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Унгарија не објавува месечни податоци за невработеноста во таа земја, со образложение дека кварталните податоци се посигурни и поточни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП