26 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗагрозени милиони корисници на „Galaxy“!

Загрозени милиони корисници на „Galaxy“!

Милиони корисници на уредите „Samsung Galaxy“ би можеле да пропуштат важен безбедносен рок, бидејќи компанијата не успева да го достави ажурирањето на сите уреди.

Имено, „Samsung“ неодамна ја објави безбедносната надградба за август која решава два критични пропусти, за кои е потврдено дека веќе се искористени во пракса.

Проблемот е што многу модели на „Galaxy“, поради практиката на „Samsung“ да објавува ажурирања квартално или полугодишно, можеби нема да го добијат ова итно ажурирање на време, пишува „Forbes“.

Американската агенција за сајбер безбедност (CISA) издаде предупредување и постави краен рок до 28-ми август за ажурирање на сите засегнати уреди. Овој рок ги обврзува сите федерални вработени или да ги ажурираат своите уреди или да престанат да ги користат. Иако ова барање се однесува на државните службеници, заканата е сериозна за сите корисници на „Galaxy“ уреди, без оглед на нивната локација.

За корисниците на постари уреди „Galaxy“, кои поретко се ажурираат, ситуацијата е особено загрижувачка. „Samsung“ потврди дека ажурирањата се пуштаат по стандарден распоред, што значи дека некои уреди можеби нема да бидат покриени на време. Оваа ситуација може да биде проблематична, особено за оние кои работат во организации кои мора да се усогласат со упатствата на „CISA“.

Ако имате постар модел на „Galaxy“ и вашиот уред не го добие ажурирањето до 28-ми август, може да се соочите со сериозен безбедносен ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП