4 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва се најпродаваните автомобили во Европа во 2024-та

Ова се најпродаваните автомобили во Европа во 2024-та

Минатата година, моделот „Y“ на „Tesla“ ја зафати Европа, станувајќи најпродаваниот нов модел на автомобил на континентот. Половина година подоцна, сè се промени.

Наместо релативно скап електричен „SUV“, прв на новата листа е еден од најевтините автомобили на пазарот – градскиот модел „Dacia Sandero“.

Ова го откриваат податоците за продажбата во земјите членки на Европската унија и Европската асоцијација за слободна трговија, како и во Велика Британија.

„Dacia“ излезе на врвот со 143.596 продадени примероци на „Sandero“, а „VW Golf“ се искачи на второто место со 126.993 продадени единици од „Golf“ во првата половина на 2024-та година. „Renault Clio“ е на третото место со 114.623 продадени примероци.

Ренесансата на веќе речиси отпишаниот „Golf“ и падот на електричниот „Tesla“ на само осмото место можеби се првиот показател дека желбите на клиентите се враќаат на старите патеки и дека популарноста на електричните автомобили и теренците полека опаѓа.

На четвртото место на листата е уште еден „Volkswagen“, моделот „T-Roc“ (111.381), а по него е „Peugeot 208“, кој пред две години беше најпродаваниот автомобил во Европа.

По него следи уште едно возило од групацијата „VW“, „Škoda Octavia“, а зад него е „Citroen C3“ на седмото место. Зад „Tesla Model Y“, топ 10 го комплетираат „Toyota Yaris Cross“ и „Toyota Yaris“.

Најпродаваните автомобили во Европа во првата половина на 2024-та:

Dacia Sandero – 143.596 (продадени единици)

VW Golf – 126.993

Renault Clio – 114.623

VW T-Roc – 111.381

Peugeot 208 – 107.097

Škoda Octavia – 102.945

Citroen C3 – 102.304

Tesla Model Y – 101.181

Toyota Yaris Cross – 99.694

Toyota Yaris – 93.576

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП